11. Feb 2014 17:24 Проект за социјално претприемништво во “Порака наша“

Проект за социјално претприемништво ќе се реализира во дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака наша“.

Thumbnail

Во наредните 6 месеци низ низа обуки корисниците ќе совладаат вештини со кои ќе можат да изработуваат производи за продажба, а со заработените пари ќе придонесат за самоодржливост на дневниот центар.

Целта на овој проект е да се даде можност на млади луѓе со или без попреченост да дојдат до своето прво работно место преку вработување или самовработување. Самиот проект нуди повеќе вештини кои самите социјални претприемачи можат да ги усвојат. Ќе бидат опфатени личностите во зависност од нивните можности, способности и потенцијали - рече Фросина Симоновска, координатор на проектот.

Ќе има обуки за филц, конструктивен текстил и изработка на производи од хартија. Во правата фаза од проектот 8 млади претприемачи се обучија и тие своето знаење ќе треба да го пренесат на корисниците на “Порака наша“.

 Се очекува на крајот на проектот да произведуваат производи кои ќе можат понатаму да се продаваат. Тоа е целта на социјалното претпријатие, средствата кои ќе се добијат од продажбата потоа да се враќаат во претпријатието за исполнување на целите и мисиите. Ова е нов концепт кај нас и веќе продолго време ние се обидуваме да го вметнеме - изјави Весна Аврамовска, креативен директор во здружение на граѓани “МАТА“ од Скопје.

Проектот го реализираат “Порака наша“ во соработка со “МАТА“, Јуниор ДООЕЛ и Општина Куманово, а со финансиска поддршка од УНДП.

Проект за социјално претприемништво во “Порака наша“