29. Mar 2018 12:29 23 медали за кумановските џиу-џицу борци

Изминатиот викенд во Велес се одржа државното првенство во Бразилска џиу-џица, каде што кумановскиот клуб „Стронгест енд Рутс“ освоија 23 медали.

Thumbnail

На првенството учествуваа клубови од Скопје, Куманово, Охрид и Велес кои се членки на македонската федерација на Бразилска џиу-џица. Борбите се одржуваа во две категории со кимоно и без кимоно.

Кумановскиот тим, замина со 12 натпреварувачи и освои 23 медали, од кои 4 златни медали, 8 сребрени медали и 11 бронзени медали.

Меѓу постигнатите резултати во конкуренција до 12 години Марко Ѓуровски освои бронза со кимоно и сребро без кимоно. Во конкуренција до 18 години Стефан Димитриев освои бронза со кимоно и сребро без кимоно, Матеј Трајчевски сребро со кимоно и бронза без кимоно. Во сениорска конкуренција Стефан Лучиќ се закити со бронза со кимоно, злато без кимоно, Бојан Митевски злато со кимоно, Андреј Стојановски бронза со и без кимоно, Филип Стефановски сребро со кимоно и бронза без кимоно, Марио Станојковиќ сребро со и без кимоно, Никола Петрушевски злато со и без кимоно, Мартин Стефановски виолетови појаси апсолутна категорија сребро со кимоно и бронза без кимоно и Андријана Цветковска бронза со кимоно и сребро без кимоно.

23 медали за кумановските џиу-џицу борци