12. Apr 2018 12:12 Куманово му го нанесе првиот пораз на Работнички

Кошаркарите на Куманово одиграа одлично второ полувреме во кое успеаа да му го нанесат првиот пораз на тимот на Работнички од Скопје.

Thumbnail

До вчера единствената непоразена екипа на табелата одлично го започна натпреварот, поведе со 16 поени предност и се чинеше дека рутински ќе го доигра натпреварот. Куманово до пред крајот на првото полувреме намали на шест поени негатива, по што успеа да ја стопи предноста па дури и да поведе во неколку наврати. Штерјов во последните секунди од натпреварот му донесе водство на Куманово на асистенција од Стајиќ, додека довчерашниот играч на Куманово, Димитар Караџовски промаши за три поени во последните секунди од натпрварот.

Марјан Јаневски постигна 27 поени во победата на Куманово. За Работнички, Мираковски постигна 20 поени.

Со оваа многу битна победа, Куманово се одлепи од Гостивар на две победи предност, со што ги зголемува шансите за настап во Плеј-оф.

Следниот натпревар Куманово го игра против тимот на Блокотехна на гостински терен.