05. Mar 2018 13:44 Успешен викенд на кумановските спортски тимови

Машкиот и женскиот ракометен тим, заедно со кошаркарите на Куманово имаа одличен викенд во кој забележаа битни победи против своите противници.

Thumbnail

Спортскиот викенд го започнаа ракометарките на Куманово кои извојуваа победа против тимот на Деспина од Прилеп со резултат 29-17. Натпреварот падна во сенка на повредите на Александра Боризовска која го измести лактот а подоцна и на Маја Ивановска го повреди коленото до крајот на првото полувреме. По тоа следуваше мал пад во играта, меѓутоа ЖРК Куманово на крилата на младите Мила Трајковиќ која постигна 6 гола и Јована Кипријановиќ која го заврши наптреварот со 7 гола, успеа да забележи победа против прилепчанки.

Утредента машкиот ракометен тим забележа победа против тимот на Преспа со резултат 23-22. Куманово ја забележа шестата победа во првенството и сега се наоѓа на седмата позиција на табелата.

Кошаркарите на Куманово забележаа убедлива победа против тимот на Фени Индустри со резултат 80-108. Гостите на овој меч имаа целосна контрола на натпреварот и само ја зголемуваа разликата која достигна и максимални 32 поени во одреден момент. Бобан Стајиќ беше најефикасен во тимот на Куманово со 20 поени.