08. Apr 2018 13:28 Честитка од градоначалникот за Велигден

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на сите граѓани од православна вероисповест им го честита големиот христијански празник Велигден.

Thumbnail

„Во овие денови кога ги празнуваме највисоките христијански вредности, сакам во свое име и во името на општинската администрација да Ви посакам добро здравје, мир и благосостојба. Посакувам Велигден да го поминете во радост и добри дела во кругот на Вашите семејства. По патот на истрајноста и посветеноста, со меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме просперитетно општество. За многу години Воскресение Христово – Велигден, - стои во честитката од градоначалникот.