08. Apr 2018 13:37 Честитка за Велигден од Советот на Општина Куманово

Претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, од свое име и од името на членовите на Советот на Општина Куманово, на сите христијански верници им го честита Христовото Воскресение - Велигден.

Thumbnail

Посакувам овие празнични денови да ги поминете во здравје, почит и благосостојба. Сите заедно да продолжиме да градиме живот исполнет со мир, почитување и единство, - стои во честитката од Советот на Општина Куманово.