06. Apr 2018 11:27 Четворица упасени по убиството на Реџепи во вооружената претрелка

Четири лица се упасени, по синоќешната претрелка во Мала Речица, тетовско во која беше убиен Наип Реџепи, а ранет неговиот брат и уште едно лице од Черкеско село.

Thumbnail

 Како што информира МВР, синоќа околу 18,20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, при што биле повредени неколку лица.

Н.Р. (46) од с.Белановце, општина Липково, во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

Приведени се четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.