14. Apr 2018 19:40 Го нападнале со нож на улица и му одзеле 1000 денари од паричникот

Две непознати лица вечера нападнале случаен минувач и од паричникот му одзеле 1000 денари.

Thumbnail

Инцидентот се случил околу 16.30 часот на улицата „Х.Т.Карпош“-Куманово, спроти Општата болница Куманово.

Додека Е.М. од селото Матејче се движел по улицата го пресретнале двајца мажи, од кои едниот имал нож и му побарале пари. Е.М. им го дал паричникот, од кој одзеле 1.000 денари, по што му го вратиле и заминале во непознат правец.

Е.М. го пријавил случајот во полиција и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.