13. Mar 2018 15:02 Кумановската болница ќе добие центар за помош на жртвите на сексуално насилство

Во општите болници Куманово, Тетово и Клиниката за гинекологија во Скопје ќе се отворат центри за помош на жените жртви на сексуално насилство.

Thumbnail

  Предходно здравствените работници ќе поминат обука за справување со последиците од овој вид на насилство, кои ги организира Министертвото за здравство.

 „Во наредниот период здравствените работници ќе добијат специјализирани обуки на тема „Насилство врз жени“ и „Клинички менаџмент на силување“. Министерството за здравство, како еден од клучните чинители во оваа сфера, подготвува протокол за обезбедување сеопфатен третман и нега при сексуално насилство“ - најави министерот за здравство Венко Филипче, пренесува Независен весник.

Во следните неколку години се планира да се отворат вакви центри насекаде низ Македонија.