11. Apr 2018 09:54 Марјан Стошевски нов менаџер на К3 телевизија

 Стошевски најавува промени во програмската шема со повеќе спортска и забавна програма, но тврди дека нема да изостане и информативната програма и вестите од регионот.

Thumbnail

Марјан Стошевски е нов менаџер на регионалната телевизија К3. Стошевски најавува промени во програмската шема со повеќе спортска и забавна програма, но тврди дека нема да изостане и информативната програма и вестите од регионoт.

„Телевизијата ќе започне со емитување на нови содржини од понеделник 16 април. Концептот ќе биде малку поинаков од досегашниот. Планираме серијал на емисии на спортските великани од Куманово, како и други интересни содржини од историското минато на градот. Ќе отстапиме простор и за емисии за младите, пред се за талентираните наши сограѓани, а ќе продолжиме со снимање на спортските натпревари на поголемите клубови во градот. Телевизијата ќе биде поблиску до граѓаните од североистокот“, - изјави Стошевски.

К3 телевизија престана со емитување на вести и сопствена програма пред Нова година, поради преструктуирање во самата телевизија.

Новото раководство најавува повторна екипираност со новинарско-техмички кадар, кој ќе понуди квалитетна програма за гледачите.