12. Mar 2018 09:26 Приведени девет жени во угостителски објект во Слупчане

Во угостителски објект во Слупчане затекнати се девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода.

Thumbnail

Кумановската полиција во координација со крим полиција при МВР, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, завчера по полноќ извршила контрола во угостителски објект во село Слупчане. Контролата е извршена по претходно изготвен план поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија.

Во угостителски објект во Слупчане затекнати се девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода. Известен е Јавен обвинител.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.