13. Apr 2018 12:23 За упис во прва година слободни 2500 места

 Во Куманово во новата учебна 2018/2019 година, во средните училишта има место за упис на 2500 ученици.

Thumbnail

Според конкурсот на Министерството за образование и наука, во Гимназијата „Гоце Делчев“ можат да се запишат 374 ученици во 10 паралеки на македонски и една на српски јазик.

Во Гимназијата „Сами Фрашери“ на албански јазик ќе се запишат 272 ученика во 8 паралелки.

Во стручното училиште „Киро Бурназ“ има место за 510 ученика на македонски и албански јазик.

Во стручното училиште „Перо Наков“ 340 места се за настава на македонски јазик и 374 за албански јазик.

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ предвидено е да се запишат 684 ученика, 330 на македонски и 354 на албански јазик.

 Првиот уписен рок е на 28 и 29 јуни, вториот на 5 јули и третиот на 24 август.