08. Feb 2018 17:07 Ана Николиќ и Раста одржуваат концерт во Скопје, Тајзи и Спејко специјални гости

Еден од највлијателните и најквалитетните музички звезди на Балканот Раста и една од најактуелните пејачки Ана Николиќ ќе одржат голем музички спектаткл на 16.февруари во ВИП арената / Борис Трајковски.

Thumbnail

Интересот за концертот е огромен бидејки ова е нивниот прв и последен заеднички концерт, а македонската публика веќе подолго време нема прилика да биде дел од вакво мега случување, каде што заедно ќе можат да ги отпејат мега-хитовите „Кавали“, „Хабиби“, „Кавасаки“, „Еуфорија“, „Фригидна“, „Конкретно“, „Случајност“ и многу други.

Специјални гости на концертот ќе биднат Тајзи и Спејко, кои ќе ги изведат нивните заеднички нумери „Палимо“, „Вози“ и уште неколку заразни рефрени од нивниот репертоар.

Фановите ќе имаат прилика пред концертот да се дружат со своите идоли, а за време на концертот ги очекува танчерско и лајт шоу.